„Сум сретнала многу бизнис лидери кои не можеле да спијат бидејќи се преплашени од соочувањето и сум видела родители кои се борат да одржат ред во своите домови бидејќи не сакале нивните деца да бидат лути на нив“-пишува Ејми Морин за
Psyhology Today.
Нивните причини за однесувањето да ги направат другите луѓе среќни се разликуваат. За некои тоа е научено однесување кое потекнува од детството. За други обидот да ги направат сите среќни произлегува од желбата да бидат љубезни.
Ако имате тенденција да кажете „да“ за работи кои не сакате да ги правите или избегнувате да зборувате затоа што не сакате да вознемирите некого, ова се пет нешта кои треба да ги запаметите:
1.Вие не сте одговорни за чувствата на другите луѓе
Без разлика дали се стремите да правите се што вашиот партнер сака или за соработниците да ве сакаат, вашите напори да им угодувате на луѓето значи дека преземате преголема одговорност.
Секој е одговорен за неговите или нејзините сопствени емоции и не можете да направите секој да се чувствува среќно. Зависи само од другите луѓе да се справат со непријатните чувства како разочарување или лутина. Не е ваша одговорност да ги заштите нив од овие работи.
2. Луѓето што угодуваат лесно може да бидат изманипулирани
Вие често може да ги забележите од километар, луѓето што угодуваат на другите и колку повеќе индивидуата вели „да“ на секое барање, толку повеќе нешта се бараат од неа. Тие се лесна цел.
Некои луѓе може да бараат услуга од нив со прашување на нешта како: „Мразам да те прашувам за ова, но....“ или „Не би прашувал никого за ова, но ти си ми многу добар пријател“.
Без разлика дали чувствувате вина во правење нешто или сте почестени што ви била доверена услуга, вие може лесно да бидете изманипулирани од другите луѓе, кога тие знаат дека вашата примарна цел е да угодувате на сите.
3. Вашите избори секогаш ќе бидат лоши за некои луѓе
Не постои ниту една одлука, производ или услуга, што може да ги задоволи сите. Само погледнете во коментарите за овој производ: Едно лице вели предметот е најдоброто нешто за сечење на леб на парчиња. Другиот вели дека истиот производ е лажен и луѓето се измамени.
Дури и личните одлуки кои не влијаат на другите може да станат цел на испитување и контрола. Вашата мајка може да влијае на вашата одлука да ја прифатите понудата за новата работа или вашите пријатели може да изразат незадоволство за вашата нова врска. Иако можеби ќе сакате да ја земете во предвид нивната мудрост не е ваша обврска да ги направете нив среќни.
4. Обидот да им угодувате на луѓето ги исцрпува вашите ресурси
Обидувајќи се да им угодите на сите, ќе ви ја одземе менталната сила. Колку повеќе размислувате за тоа дали некој ќе биде вознемирен или како да ги изразите вашите одлуки на начин што не е навредлив, толку ќе имате помалку ресурси за да се посветите на најважните одлуки.
Грижење, размислување и повторување на разговорите нема да ви помогне да добиете било што. Ако го потрошите истото време и енергија да бидете продуктивни вие ќе постигнете многу повеќе.
5. Обидувањето да им угодувате на другите е малку себично
Една од најчестите причини шти луѓето ги кажуваат е дека не можат да кажат „не“, затоа што тие не сакаат да создадат слика дека се себични. Но, во реалноста потребата секогаш да бидете сакани и да им се допаѓате на другите всушност е малку себична.
Кажување „да“ на работи што не сакате да ги правите, ќе предизвика да се чувствувате лути. И тоа ќе наштети на вашиот однос. Поставување на здрави граници и зачувувањето на односот, дури и по цена некој да се налути е далеку помалку себично.
Вашите зборови и вашето однесување мора да бидат во иста линија со вашите верувања, за да можете да бидете автентични како личност, а автентичноста е клучот за да станате најдобра верзија од себеси.