X
 17.11.2021 Култура

Најновиот филм на „Нетфликс“ го сруши рекордот во гледаност во првиот ден

„Црвено известување“ (англ. Red notice) е најновиот филм на „Нетфликс“ со Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот. Овој филм го сруши рекордот за најгледан филм во првиот ден од објавувањето на „Нетфликс“. Тој дебитира на платформата на 12 ноември.

Рејнолдс бил првиот што открил дека филмот го срушил рекордот за најгледан филм на првиот ден од прикажувањето на „Нетфликс“. Актерот го открил ова преку објава на „Твитер“.



Џонсон и Гадот му се придружиле во славењето споделувајќи објави на „Инстаграм“.






Пред премиерното прикажување на „Нетфликс“, филмот бил прикажан во одбрани кина седум дена порано.

Во филмот се следи приказната за вработен во ФБИ (Џонсон), кој соработува со крадец (Рејнолдс) за да пронајдат озлогласен криминалец (Гадот).

Со буџет од 200 милиони долари, се смета дека овој филм е најскап проект на „Нетфликс“ досега.


Извор: Klix
Фото: Instagram (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура