X
 22.06.2024

Ова се професиите од соништата за кои сонуваат луѓето ширум светот

Мапите добиени со истражувањето на „Џобсикер“ покажуваат дека работната позиција пилот е работа од соништата број 1 во светот во 2024 година, од Велика Британија до Нов Зеланд, додека Американците најмногу сакаат да бидат стјуардеси.

На главната мапа генерирана со помош на алатката за анализа за пребарување „Ахрефс“, земјите се обоени за да ги означат работните места за кои нивните жители најмногу сакаат да добијат информации за да ја започнат таа кариера.

Во Кина работната позиција новинар е работа од соништата, во Црна Гора музичар, во Австралија психолог, а во Јужна Америка стјуардеса.

Фразата „како да се стане пилот“ била напишана 50.000 пати на интернет во јануари 2024 година, а пребарувањата достигнале врв во 55 земји во светот, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија, Ирска, Нов Зеланд, Кенија, Сомалија, Индија, Саудиска Арабија и Јапонија.

1
Фото: Jobseeker

Според истражувањето на веб-страницата за кариера, „Џобсикер“, втората најпопуларна работа на планетата е стјуардеса, која собрала 29.000 пребарувања и е најчеста работа од соништата во Америка, Канада, Мексико и Бразил. Работната позиција модел е рангирана на третото место (25.000 пребарувања) ширум светот и број 1 избор за кариера во Франција, Германија, Италија, Шведска, Египет, Алжир, Ирак и Мароко.

Остатокот од првите пет го сочинуваат психолог (17.000) и на прво место во Австралија и Боливија и инфлуенсер (17.000), прво во Колумбија, Венецуела и Јужноафриканската Република. Професијата доктор се најде на 6. место во рангирањето (15.000) и на прво место во Уганда и Конго. На седмо место се најде професијата наставник (14.000) и на врвот во Белорусија, Украина и Русија; додека професијата адвокат го освои осмото место (14.000).

Останатите професии кои се најдоа во топ 10 се пожарникар (9 место, 14.000) и претприемач (13.000).

Северна Америка е очигледно заљубена патувања, бидејќи работата од соништата за жителите на САД, Мексико и Канада е стјуардеса/стјуарди. Во Австралија, најпопуларниот избор за кариера е психолог. Работата од соништата на соседниот Нов Зеланд е пилот, додека стјуардесата е на првото место во четири земји.

Надвор од топ 10 листата, мапите откриваат дека Црна Гора ги задоволува европските трендови, а луѓето таму фантазираат за животот како музичар. Во Јужна Америка, Аргентинците бараат детали како да станат готвачи, додека работата од соништата на Боливијците е фотограф.

Во Азија, да се стане пилот или модел е најдобриот избор, но не и во Кина, каде новинарството е избор број 1 за кариера, додека да се стане наставник е работа од соништата во Тајван.

Авганистан и Јемен, исто така, го отфрлаат трендот во Азија - нивните граѓани најмногу би сакале да бидат писатели. Во Африка доминира професијата пилот, но луѓето кои живеат таму се заинтересирани и за модерни професии како блогерство и инфлуенсертво. Генерално, Азијците сакаат да бидат пилоти, но модел, адвокат и писател се исто така популарни избори.

- Нашата кампања наиде на некои неверојатно возбудливи податоци за време на нашето истражување за работа од соништата, откривајќи клучни обрасци и разлики помеѓу она што го сметаме за работа од соништата. Иако можноста да се стане пилот е силна тема во текот на студијата, огромната разновидност на кариери укажува дека не постои единствен пристап кон задоволството и исполнетоста од кариерата. Охрабрени сме да видиме помодерни патишта, како што се инфлуенсерите и јутјуберите. Којзнае какви ќе бидат работните места од соништата на луѓето како што професиите се развиваат во следните 10, 20 и 50 години? Секоја земја ширум светот има уникатен поглед за тоа што значи професија или кариера од соништата - рече портпаролот на „Џобсикер“.

2
Фото: Jobseeker

За да ги собере податоците, „Џобсикер“ состави „почетна листа“ од 35 работни места кои вообичаено се дефинираат како професии од соништата. Податоците се собрани од интернет пребарувањата за јануари 2024 година.

Топ 10 работни места од соништата во светот во 2024 година:
1. Пилот
2. Стјуардеса
3. Модел
4. Психолог
5. Инфлуенсер
6. Доктор
7. Наставник
8. Адвокат
9. Пожарникар
10. Претприемач

Извор: Studomat.ba | Jobseeker.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk