X
 17.05.2022 Наука

Научници го снимиле звукот на бактериите

Истражувачи од технолошкиот универзитет „Делфт“ во Холандија, предводени од научникот Фарборд Алијани, успеале да снимат звук на бактерии.

Истражувачите првично ги анализирале основите на физичката механика на графенот кога се сетиле на идејата. Графен е јаглеродна структура со дебелина на еден атом, многу е силен и има добри електрични и механички карактеристики, но е чувствителен на надворешните сили, објаснил Алијани.

Кога една бактерија ќе се залепи за графенска мембрана, создава осцилации со амплитуди од само неколку нанометри кои може да се конвертираат во звучни записи и да се слушнат, изјавил Алијани.


Ова истражување би можело да даде придонес во поглед на отпорноста на антибиотици на бактериите. Во експериментите, осцилациите продолжиле кога бактериите биле отпорни на антибиотик, а се намалувале и исчезнале кога бактериите биле чувствителни на лек. Затоа, експериментот би можел да се користи како метод за ефикасно откривање отпорност на антибиотици, според истражувачите.

Извор: Novosti
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука