X
 24.05.2021 Наука

Еве што му се случува на вашиот мозок кога замислувате дека сте добиле на лотарија

Човечкиот ум еволуирал за да постигне неверојатни подвизи. Но, еволуирал и за да мечтае и да талка со мислите.

Фантазијата често се смета за тотем на уникатност на нашиот вид, нешто што нè прави различни од другите суштества на Земјата. Без оглед дали станува збор за мечтаење за патување, фантазијата ви помага да го истуркате денот.

Сепак, невробиологијата на човечката фантазија е тешка работа за проучување, делумно затоа што искуството е толку субјективно. Едно ново истражување нуди неколку индиции за два биолошки процеси што лежат во основата на различни аспекти на нашата имагинација - конкретно, нашата способност да ја замислиме нашата иднина.

Користејќи комбинација на слики од мозокот и детален систем на скала што им овозможила на учесниците да проценат различни аспекти на замислени сценарија, истражувачите биле во можност да следат кои области на мозокот биле активни во текот на различни видови замислени сценарија - конкретно, на иднината.

Истражувањето, објавено во „Журнал оф нуросајенс“, открива дека два различни процеси се случуваат во мрежата на стандарден режим на мозокот кога некој ја замислува иднината. Претходните истражувања укажувале на тоа дека оваа мрежа се активира кога замислуваме нешто и е вклучена во мечтаењето, планирањето и замислувањето на иднината. Ова истражување ја придвижува иглата напред со дупчење во функциите на две подмрежи во рамките на овој автопат на имагинација: мрежата за вентрален и дорсален стандарден режим.

Како го направиле тоа?

Истражувачите побарале од група од 24 учесници да замислат 16 различни сценарија додека биле будни во скенер за мозок наречен „fMRI“. Некои сценарија биле добри, некои лоши. На пример, им рекле да си замислат дека добиле на лотарија.

Поентата на овие позитивни и негативни поттикнувања била да се оцени начинот на мозокот да процени дали сценариото е негативно или позитивно. Учесниците добиле посебни инструкции за да ја тестираат живописноста на нивната имагинација.

Според професорот Озеф Кејбл од Универзитетот во Пенсилванија, причината за раздвојување на овие две мерки преку тестовите значела дека живоста и емоциите може да се разликуваат во мозокот.

- Сакавме да можеме да манипулираме со два аспекти од сценариото - вели тој.

Во истражувањето учесниците го замислувале секој настан, а потоа настаните ги рангирале на „ликерт-скала“ од седум точки за тоа дали си ги замислувале како позитивни или негативни и дали ги замислувале како идни настани.

mozok
Фото: Freepik

Што откриле?

Истражувачите откриле дека мрежата на дорсален стандарден режим се активира само за време на замислени сценарија што учесниците ги оценувале како позитивни или негативни. Овој резултат посочува дека постои силна врска помеѓу мрежата на дорсалниот стандарден режим и како се чувствувате за замислената иднина.

Зошто е важно?

Кејбл вели дека неговиот тим претпоставил дека секој дел од мрежата за стандарден режим може да биде вклучен во имагинацијата на некој начин, но тимот бил изненаден што процесите биле толку јасни.

- Обично кај невровизуализацијата може да биде незгодно затоа што многу делови од мозокот се активираат од многу работи. Не наоѓате често вакви чисти поделби - вели тој и додава дека тие јасни разлики се јавуваат кога мозокот се обидува да ни каже нешто важно.

Кејбл вели дека неговиот тим се надева дека ќе ги искористи резултатите за да открие каква улога има нашата фантазија во донесувањето одлуки.

- Сега кога знаеме нешто за оваа поделба и за мозочните мрежи вклучени во различни аспекти на имагинацијата, можеме да почнеме да го користиме тоа знаење за да истражуваме прашања за тоа што се случува во главата на луѓето кога си ја замислуваат иднината за да донесат одредени одлуки - вели тој.

На пример, веќе знаеме дека иднината носи помалку тежина во донесувањето одлуки отколку сегашноста.

Извор: Inverse.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука