X
 17.05.2023 Технологија

Наскоро гледачите ќе можат да ги почувствуваат мирисите од филмовите

Од појавата на бојата до 3Д-филмовите, филмската индустрија долго време ја унапредуваше својата технологија и ги подигна стандардите на искуството за гледање филмови. Сега научниците отидоа чекор понапред и создадоа нешто што го нарекуваат „смелевижн“ (smellevision) користејќи виртуелна реалност што му овозможува на гледачот да детектира мириси.

Научници од Универзитетот во Хонгконг создале систем кој користи маска или налепница со еден или два мириси, а маската може да содржи до девет мириси кои функционираат заедно со слушалките за виртуелна реалност.

Имено, системот може да користи 30 различни мириси кои се активираат со загревање на мали капсули од парафински восок.

Мохито, лаванда, ананас, кокос, рузмарин и лимон беа дел од мирисите што беа успешно тестирани како дел од „смелевижн“. Научниците тврдат дека проектот има безброј цели, од едукативни, до гледање филм со сите сетила.

- Демонстрации при гледање 4Д-филмови, испраќање пораки за мирис, контролирање на човечките емоции... Студиите засновани на виртуелна реалност го докажуваат големиот потенцијал на користење на мирисите во различни практични апликации вклучувајќи забава, едукација, интеракција човек-робот итн. - пишуваат научниците во списанието „Нејчр комјуникејшн“.

Тие додаваат дека мирисот е исто толку важен како и видот и слухот во човечкото перцептивно искуство и дека има одлучувачко влијание врз човечкиот живот. Еден од тестовите во истражувањето покажа како се ослободуваат мирисите во однос на сликата прикажана на платното.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија