X
 17.06.2017 Култура

Градот кој го поделил светот на два дела

На прв поглед, Тордесиљас, малечко гратче на бреговите на реката Дуеро во провинцијата Валјадолид во Шпанија, се чини совршено обично. Тука е добро сочуван плоштадот Мајор и црквички кои датираат од средниот век. Но, доколку ова гратче се спомене во Сан Паоло, Каратагена или било кој друг град кој се наоѓа во Централна и Јужна Америка, тогаш секој жител на овие градови ќе го препознае Тордесиљас. Токму тука во 1494 година Шпанија (тогаш кралството Кастиља) и Португалија ги поделиле земјите кои допрва требало да ги пронајдат и со тоа го отвориле патот Бразил да стане единственото португалско говорно подрачје во Америка.

Локацијата на градот веројатно била она што го направил совршено место за преговорите на историскиот договор. „Бил раскрсница на патишта кои биле многу важни. Исто така, имало палата и се` укажувало на тоа дека договорот бил потпишан токму таму“, вели професорот Мигел Ангел Залама, кој предава историја на уметност на Универзитетот во Валјадолид. Но, присуството на кралските домови и географската предност на градот може да не се единствената причина зошто католичките монаси, Изабела од Кастиља и Фердинанд од Арагон, го одбрале токму овој град.

„Со прекарот „многу славна, античка, крунисана, лојална и благородна вила“, овој кастилски град бил поврзан со историска традиција во Португалија“, објаснува Рикардо Пикерас Кеспедес, професор по историја на Универзитетот во Барселона. „Во 14-от век, кралицата Мери од Португалија и младата Беатриз живееле таму. Можно е да се работело за политички гест за Португалците да се чувствуваат поудобно на неутрален терен“, додава тој.

Изабела и Фердинад имале добра причина за да го реализираат смирувањето токму во Португалија. Иако размислувале во текот на мај и јуни 1494 година, Договорот во Тордесиљас бил едногодишен процес полн со неизвесност, со висок потенцијал за војна меѓу двете земји како и вознемиреноста на Шпанија поради нејзината улога во атлантските освојувања. На патот кон преговорите, договорот се родил кога, шпанскиот истражувач Кристобал Колон, кога се враќал од она што тој мислел дека е Индија, налетал на невреме. Тој морал да го фрли сидрото во близина на Лисабон, и со тоа морал да ги сподели новостите со Јован II, Кралот на Португалија. Убеден дека новите острови паднале под Договорот на Алкаковас-Толедо, Јован ги прогласил за своја власт.

Во меѓувреме, Мартин Алонсо Пинзон, шпанскиот морепловец кој му бил придружник на Колон, успеал да го донесе неговиот брод на брегот на Шпанија, и веднаш испратил збор за новооткриените земји во Барселона каде што католичките монарси биле на власт. Делувајќи според информацијата, монарсите ги испратиле своите емисари кај папата Александар VI. Папата наредил откажување на договорот па наместо да се подели паралелно, како што наложувал договорот - да се подели Атлантикот помеѓу Португалија и Шпанија по хоризонтална линија, била нацртана вертикална демаркација на границите.

Португалците биле налутени. Освен што ги изгубиле новите острови, тие немале простор за маневрирање за патувања во Африка бидејќи линијата била до Кејп Веде.

„Португалците сакале да ги зачуваат нивните колонии во Африка и нивните острови во Атлантикот. Линијата била шок за нив, бидејќи тие не можеле воопшто да навигираат“, вели Залама.

Следела серија на дипломатски размени помеѓу Португалија и Шпанија. Во септември 1493 година, Колон заминал на неговото второ патување ветувајќи дека неговите суверени информации ќе помогнат во преговорите. Тој го исполнил неговото ветување во април 1494 година кога тој испратил мапа со неговите откритија. Но, бидејќи не знаел дали Јован II се согласил да се откаже од хоризонталната мапа, тој ја променил мапата - ја кренал ширината на Хиспаниола (денешен Хаити) - островот кој го сретнал на неговата прва експедиција - на север неколку степени, ставајќи го на иста паралела со Канарските острови и со тоа обезбедил шпанска власт.

До времето кога пристигнала мапата на Корон, Португалците веќе ја признале вертикалната поделба. За да овозможи да се плови во Африка, Јован II побарал линијата да се премести 1.910 километри западно од Кејп Верде. Според овој договор, Португалија добила се` што се наоѓала источно од линијата, додека шпанската територија се протегала западно и ги вклучувало неодамнешните наоди на Колон. Бидејќи новата мапа на Колон не покажувала нови земји на португалската страна на демаркација, Изабела и Фердинанд се согласиле.

Ниту еден од нив не знаел дека новата линија го преминал Бразил и со тоа, источниот брег на оваа земја бил ставен во рамките на власт на Португалија. Во 1500 година, португалскиот морепловец Педро Алварез Кабрал во текот на неговото патување го открил и го прогласил како сопствеништво на неговиот крал. Во вековите кои следеле, Португалија го проширила своето влијание во внатрешноста и Бразил станал единствената земја која зборувала португалски на американскиот континент.

„За поголемиот дел од бразилскиот народ денес, Договорот во Тордесиљас значи изјава дека португалската круна можела да ги поседува непознатите западни земји. Но, исто така, овој договор е клучен историски момент за да се разберат односите на доминација и хегемонија помеѓу Европа и светот“, вели Ана Паула Торес, професорка по историја на Универзитетот во Сан Паоло.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура