X
 08.10.2016 Наука

Како ќе изгледа светот за 500 години

Познатиот американски астрофизичар Нил Дегргас Тајсон открил за магазинот Бизнис инсајдер како би можел светот да изгледа за 500 години.

 

 

 

Ако населението продолжи да расте со онаа стапка со која расте сега, за 500 години на земјата ќе има место само колку луѓето да можат да застанат еден покрај друг. Тоа сигурно не е онаа иднина која ние ја посакуваме, што значи дека ќе мораме да го прилагодиме Марс и таму да се преселиме, или да научиме како да го контролираме растот на популацијата, вели Тајсон.

 

Тој исто така објаснува дека можно е да се случи човештвото да почне да гради и да се населува во што повеќе и повисоки градежни конструкции, како и во оние кои се повеќе се градат длабоко под земјата.


Доколку до тогаш не се случат некои поважни промени и не сфатиме дека благодарение на технологијата имаме шанси за опстанок, нема да го дочекаме и тој ден, предупредува научникот.


"На својата смртна постела, повеќе ќе жалам за тоа што јас не сум живеел долго и не сум ги видел сите овие пронајдоци кои ќе се појават. Сакам да можам да експериментирам и да бидам дел од овој човеков род ", заклучува тој.


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука