X
 17.06.2019 Живот

Хрватска ќе гради автопат за велосипеди

Хрватска планира во наредните неколку години да направи автопат за велосипеди во должина од 121 километар покрај реката Сава.
Патеката ќе биде изградена во рамките на инфраструктурен проект со кој се промовира одржливата урбана мобилност, локалната убавина и активниот туризам.

Со велосипед ќе може да се вози покрај Сава - од границата со Словенија сè до Иваниќ Град.
Изградбата е поделена во девет фази. Вредноста на проектот е 16,3 милиони евра, од кои 85 отсто финансира Европската унија, а 15 отсто заеднички плаќаат Град Загреб и Загрепската жупанија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот