X
 21.03.2020 Живот

Национален парк во Португалија во кој слободно шетаат диви понија

На северот во Португалија, близу шпанската граница, се наоѓа прекрасниот национален парк Пенеда Герес.

View this post on Instagram

Got to love a good National Park 🤓⛰

A post shared by Ashleigh James (@ashleighjames94) on



Паркот изобилува со богати дабови шуми, тресетни висорамнини, зелени долини и гранитни карпи стари околу 300 милиони години.

Во паркот има мал број европски волци, лисици, диви свињи, кози и елени. Пенеда Герес, исто така, е дом на голем број видри, риби, жаби, водоземци, 147 вида птици и 15 вида лилјаци, од кои 10 се загрозени. Но, понијата гарно се меѓу најпознатите жители на паркот.

Овие диви животни живеат во регионот уште од времето на Келтите. Но, масовното припитомување во средината на 20 век за малку ќе ги избришело. Тогаш португалската влада почнала да ги обновува стадата.


Овој дел од Иберискиот Полуостров има античка историја, за што сведочат мегалитските камени гробници од 3 век и добро зачуваниот римски пат од првиот век, кој оди преку паркот, и е популарен меѓу велосипедистите. Замоците Кастро Лабореиро од 10 век и Кастело до Линдосо од 12 век и манастирот „Санта Марија дос Питоес“ од 9 век се антички сведоци на средновековните времиња.


Десетината стари патеки им овозможуваат на пешаците пристап до паркот, а тие се така поврзани што можете да шетате цел ден. Април и мај се особено добри за истражување на паркот пеш бидејќи цвеќињата тогаш се во целосен цут. Посебен впечаток остава долината на реката Хомем, која тече низ античката автохтона шума.


Извор: B92
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот