Од Гренланд во саботата се стопиле две милијарди тони мраз, односно два кубни километра леден покривач, објави американската телевизиска мрежа Си-ен-ен. Иако Гренланд е најголем остров на светот со големо количество мраз, многу е невообичаено толку многу мраз да се истопи во јуни. Сезоната на топење трае од јуни до август, а најголем дел се топи во јули.
Фото: НАСА
Томас Мот, научник од Универзитетот во Џорџија, специјализиран за климата на Гренланд, изјави дека ненадејното зголемување во топењето мраз е невообичаено, но не е без преседан.
– Тоа може да се спореди со она што го забележивме во јуни 2012 година, потсетувајќи дека тоа беше рекордна година кога целиот леден прекривач на Грендланд имаше одреден степен на топење, што се случило првпат откако се води евиденција – велчи Мот.
Извор: МИА