Италијанските власти ги затворија патиштата и евакуираа објекти откако експертите предупредија дека дел од глечерот на Мон Блан може да се урне.
Властите предупредуваат дека постои опасност од отцепување на 250.000 кубни метри мраз од глечер на врвот Гранд Жорас, јави Би-би-си.
Експертите велат дека е невозможно да се предвиди кога ќе се одвои ледената маса.
Градоначалникот на блискиот град Курмајор рече дека глобалното затоплување го менува изгледот на планината.
- Она што се случува сега уште еднаш покажува дека планината претрпе период на големи промени како резултат на климатските фактори и природата е ранлива - изјави градоначалникот Стефано Мисерочи за италијанските медиуми.
Мон Блан е највисокиот планински венец во Западна Европа и има 11 врва над 4.000 метри во Франција и во Италија, кои ги посетуваат стотици илјади туристи секоја година.
Извор: МИА