X
 17.06.2024 Технологија

Технологија на ЕП: Какви уреди носат репрезентативците на Англија?

За време на тренингот пред првиот натпревар против Србија, селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, бил виден како носи „Оура“ прстен за следење на здравјето. Играчот од средниот ред Конор Галагер и дефанзивецот Џон Стоунс исто така се забележани со уредите.

-Горди сме што врвните спортисти ги избираат прстените „Оура“, тоа е навистина кул“ - изјавила Дороти Килрој, главен комерцијален директор на „Оура“.

Што е прстенот „Оура“?

Уредите за носење како прстенот „Оура“ го следат здравјето на корисникот, вклучувајќи го спиењето, отчукувањата на срцето, нивото на стрес и активноста. За повеќето луѓе тие служат како потсетник да се грижат за своето здравје, истовремено помагајќи им на спортистите да постигнат врвни перформанси.

-Прстенот сега е исклучително софистициран. Го снима отчукувањата на срцето, варијациите на температурата на кожата и пулсот при мирување, а новиот модел има и сензор за кислород во крвта и дава увид во секојдневниот стрес и издржливост - рекол Жоао Бокас, експерт за вакви уреди.

Дејв Томас, кој работи со олимписките и параолимписките спортисти на Велика Британија, вели дека прстенот може да му обезбеди на тимот за спортска наука, дополнителен увид во состојбата на играчот за време на турнирот.

-Во спортско опкружување имате различни уреди за носење за различни контексти. Тие даваат индиции за тоа дали спортистот ќе се разболи или можеби ќе биде преоптоварен - изјавил Томас.

Иднината на носечките уреди

Носечките здравствени уреди постојат уште од 1960-тите, но пазарот неодамна доживеа „бум“. Познатите личности како Ким Кардашијан, принцот Хари и Гвинет Палтроу носат прстени „Оура“, кои чинат помеѓу 300 и 550 фунти.

-Дефинитивно постои тренд на „модна технологија“, но мислам дека пандемијата на ковид-19 ја зголеми свеста за важноста на здравјето – истанува Бокас.

Килрој од „Оура“ се согласува:

-Пандемијата нè натера повеќе да ги цениме нашите здравствени податоци.

Бокас предвидува дека сегашните уреди за носење ќе станат застарени:

-Технологијата толку многу напредна што ќе имаме сензори во нашата облека, ремени, очила и чевли. Можеби дури и вградливи сензори во кожата.

Извор: tportal.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија