X
 17.07.2018 Живот

Американци не знаат да ја најдат Европа на мапа

Неодамна емитуван прилог во емисијата на американскиот водител Џими Кимел открива колку всушност Американците немаат поим за остатокот од светот.

Имено, Кимел испратил човек на улиците на Лос Анџелес кој со себе имал карта на светот и ги замолувал случајните минувачи да именуваат некоја држава на картата, по нивни избор.

Резултатите се шокантни.

Некои покажаа барем некое ниво на познавање и ги идентификуваа континентите како Африка или Азија, но беа потсетени дека тоа, всушност, не се држави.

- Кој знае такви нешта - се жали една жена кога е прашана да именува една држава во Африка.

Еден човек за Алјаска рече дека е Гренланд или Исланд или така нешто, една жена, пак, не можеше да ја покаже ни Америка на мапата и покажа кон Русија.

- Можете ли да кажете барем една земја во Европа - ја прашува продуцентот.

- Дали ова е Европа - прашува таа, покажувајќи кон Австралија, а потоа кон Африка.

- Одевте ли во средно? Одевте ли на факултет - прашува продуцентот.

- Да, тоа е тажното - вели таа.

Но, едно дете им покажа на сите и набрзина ги покажа повеќето земји во Јужна Америка и уште неколку други.

Погледнете го видеото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот