X
 17.07.2020 Технологија

Илон Маск го претстави изгледот на новата гигафабрика на „Тесла“ во Берлин

Илон Маск го претстави дизајнот на најновата гигафабрика на компанијата „Тесла“ што треба да се гради во Берлин. Маск го најави планот за изградба на гигафабриката во ноември 2019.

Фабриката ќе биде првата за комплетно производство на автомобили „тесла“ во Европа. Во меѓувреме, плановите беа повремено стопирани поради протести на локалните жители и активистите против сечењето на шумата на локацијата на која ќе се гради фабриката, по што следуваше пандемијата на коронавирусот.

Неодамна компанијата „Тесла“ направи промени на своите планови и продолжи со изградбата на фабриката. Сепак, компанијата досега не го објави дизајнот на фабриката. Маск го стори тоа неделава.



На сликата објавена од Маск се покажува футуристичен дизајн кој се разликува од дизајните на гигафабриките на компанијата во Шангај и во Невада, кои се слични една на друга. На сликата се гледа дека на покривот на фабриката има многу соларни панели со кои ќе се снабдува со енергија.

Маск планира да ја почне изградбата на новата фабрика во јули 2021, односно по точно една година.

Автор: Фред Ламберт
Извор: electrek.co 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија