X
 05.07.2019 Живот

Раст на продажбата на „ламборџини“ за 96 отсто

Од „Фолксваген ламборџини“ соопштија дека нивните испораки пораснале за дури 96 отсто во првата половина од годинава, најмногу поради новиот модел – „урус“.

Италијанскиот производител на луксузни автомобили објави дека за изминатите шест месеци има 4.533 испораки на автомобили, наспроти 2.327 во истиот период лани, при што само моделот „урус“ има удел од 2.693 нарачани возила.

Продажбите во САД во азиско-тихоокеанското подрачје се зголемиле за повеќе од двапати, а САД остануваат најголемиот пазар на „ламборџини“.

Од италијанската филијала на „Фолксваген“ соопштија дека се очекува тој солиден раст на продажбата да продолжи и во втората половина од 2019 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот