Патеката за скијачки скокови на Олимписките игри во Пекинг, Кина, е можеби најневообичаеното место на целиот настан затоа што е изградена на местото на поранешна фабрика за челик. Многу гледачи велат дека глетката е пеколна, грда, дистописка и постапокалиптична.
Џиновската рампа за скијање во западен Пекинг, наречена „Биг Ер Шоуганг“, веднаш им го привлече вниманието на луѓето, но некои гледачи, навикнати на Зимските олимписки игри да гледаат бели планини и шуми, беа вчудовидени од кулите за ладење и машинеријата зад рампата.
Рампата висока 64 метри се издвојува од околината бидејќи, колку и да звучи неверојатно, таа е изградена среде првата кинеска државна фабрика, која порано се користела како фабрика за челик и ќе биде трансформирана во место за свадбени свечености. Фабриката порано вработувала илјадници лица, но и го загадувала воздухот, па била затворена. Сега добила невообичаена пренамена.
Во продолжение можете да видите како изгледа.
Извор и насловна фотографија:
Daily Mail