Споменици, места на катастрофи и страдања се места што сведочат за смртта и невидена нечовечност, но токму затоа ги привлекуваат туристите од цел свет. Овој феномен е познат и како „мрачен туризам“.
Годишните одмори обично се наменети за релаксација и забава, па луѓето посетуваат убави места како песочни плажи, прекрасни пејзажи и историски градби. Но, штом историјата е вклучена во приказната, настапуваат понепријатни теми.
Многу туристички атракции низ светот имаат трагично или лошо минато или сè уште претставуваат опасност. Сепак, тоа не ги спречува туристите да одат и да ги посетат овие места.
Меморијалниот центар од нападот на 11 септември на Менхетн
Фото: Shutterstock
Исламистичките терористи на 11 септември 2001 година удрија со два авиона во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Зградите се срушија, при што загинаа повеќе од 3.000 луѓе. Како потсетник на оваа трагедија стои меморијалниот центар наречен „Граунд зиро“ на јужниот дел на Менхетн. Во центарот има споменик од жртвите, а во музејот посетителите можат да ги видат свитканите тешки челични облакодери.
Сеќавање на холокаустот: концентрациониот логор Аушвиц
Фото: Shutterstock
Повеќе од милион луѓе биле убиени во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во окупираната Полска. Повеќето жртви биле Евреи, а настрадале и 70.000 Полјаци, 21.000 Роми и 15.000 советски воени затвореници. Некогашните гасни комори се симбол на системот за убивање на нацистите, нешто што ниту еден посетител не би можел да го заборави.
Жртвите на Црвените кмери: полиња на убивање во Камбоџа
Фото: Shutterstock
Пол Пот и неговите Црвени кмери донеле терор во Камбоџа помеѓу 1975 и 1979 година, реализирајќи ја својата визија за земја на селаните. Целта им биле образовани луѓе кои можеле да читаат и да пишуваат, кои носеле очила и имале нежни раце. Се верува дека со стрелање, тепање, мачење и изгладнување умреле 1,7 милион луѓе, меѓу кои и голем број деца.
Нуклеарна сила надвор од контрола: Чернобил
Фото: Shutterstock
Во април 1986 година експлозијата и пожарот во советската нуклеарна електрана во Чернобил направиле штета на реакторот кој испуштил радиоактивен материјал. Со тоа Чернобил станал симбол на
ризикот што го носи атомската енергија. Од 2017 година дозволена е посета на градот Припјат, кој се наоѓа во близина, но на патниците им е потребна дозвола за да ја посетат контаминираната забранета зона.