X
 17.08.2023 Наука

Бубрег од свиња функционира 32 дена во клинички мртов човек

На 14 јули тим доктори во Њујорк извршија операција на клинички мртов 57-годишен маж и успеале да го одржат во живот повеќе од еден месец, откако му ги извадиле бубрезите и еден од нив му го замениле со бубрег од свиња. Овој експеримент покажа дека органот од животинско потекло е сè уште функционален во човечкото тело, дури и кога мозокот е мртов.

-Животински орган работи во телото на клинички мртов човек... Свинскиот бубрег сè уште функционира 32 дена по трансплантацијата на човекот чиј мозок беше мртов, без можност да се разбуди. Ова е најдолгиот период во кој човечко тело не отфрлило орган од животинско потекло по таква операција - соопштија американските научници кои ја извршија операцијата.

Лекарите користеле бубрег на генетски модифицирана свиња за да спречат човекот да го препознае како туѓо тело и да го отфрли.

Респиратор го одржува срцето на 57-годишниот Морис Милер, како и работата на другите органи, додека бубрегот на свињата произведува урина и други вообичаени отпадни материи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука