X
 07.02.2017 Наука

Генетски модифицирани луѓе – што е CRISPR и како функционира?

Генетската модификација кај луѓето не е веќе научна фантастика откако владите на Велика Британија и САД ја оддобрија употребата на техниката за уредување на ДНК наречена CRISPR-Cas9 кај ембриони и возрасни. Научниците ќе можат да ги уредат гените невидена прецизност, ефикасност и флексибилност.

гмо днк

CRISPR
е највозбудливото откритие откако е мапиран човечкиот геном, но просечен човек може да не разбере што е всушност тој. Во суштина, CRISPR е техника која дозволува научниците да прават прецизни уредувања на било која ДНК, без разлика дали на бактерија или човек. Научниците ја откриле кога го изпитувале имуниот систем на една бактерија на која и го дале тој акроним.

Кога вирус напаѓа некоја од овие бактерии, CRISPR системот фаќа дел од ДНКто на вирусот и го лизнува во еден дел од сопствената ДНК, кој им овозможува на бактериите техниките за борење со вирусите да ги користат како посакуван гостин за да научат за следен пат како да се бранат. Научниците сакаат ова да биде возможно за секоја ДНК. Потенцијалот за оваа технологија е огромен: ако тие може да заменат прецизно само неколку гени со нарушувања, би били возможно да се излечат генетски нарушувања како цистична фиброза и Хантингтонова болест или некои општопознати како нетолеранција на лактоза и слепило на бои.

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука