X
 17.09.2020 Живот

Европски гратчиња и села што изгледаат како да се излезени од бајка

Кога станува збор за градови и села достојни да се наречат „како излезени од бајка“, најчесто тоа се селата и градовите од Европа. Од населби покриени со снег на работ од светот до гратчиња во карпи, постои некоја магија од бајките што може да се најде во секоја од овие европски дестинации.

Сетенил де лас Бодегас, Шпанија

1

Сетенил де лас Бодегас, гратче од 12 век, е вгнездено меѓу маслинови градини на североисток од Кадиз, издлабено во карпа. До неодамна економските тешкотии и недостигот на можности за младите направија ова историско бело гратче да биде на работ на колапс. Но, неодамнешна инвестиција го оживеа.

Алберобело, Италија

италија

Алберобело е гратче направено од над 1.500 цилиндрични варосани домови, покриени со конусни покриви и сив сув камен. Точното потекло на овие необични живеалишта не е јасно, но најстариот дом во Алберобело датира од 14 век. Некои историчари веруваат дека овие домови биле популарни во доцниот среден век бидејќи биле лесни за расклопување, што значи дека жителите можеле да избегнат данок.

Велика Планина, Словенија

словенија

Високо на словенечките Алпи лежи Велика Планина, една од последните традиционални овчарски населби во Европа. Со врвови прекриени со снег и колиби слични на хобитски куќи, ова мало планинско село наликува на Средната Земја на Толкин и Нарнија на Ц.С.Луис.

Бамберг, Германија

германија

Бамберг е на листата со светско наследство на УНЕСКО од 1993 година и може да се пофали со еден од најголемите и најдобро сочуваните стари градски центри во Европа. Овој прекрасен баварски град е изграден по течението на реката Регниц, со што многу антички канали и средновековни камени мостови пресекуваат голем дел од неговите тесни калдрми и барокни згради. Стариот град на Бамберг најдобро се истражува со велосипед или пешки, со што на туристите ќе им овозможи да ја впијат прекрасната архитектура.

Рејне, Норвешка



Рејне е селце во кое живеат 314 луѓе и се наоѓа во подножјето на гранитните врвови на Рајнбринген. Планинарите претпочитаат да го посетуваат во текот на летото, но прекрасните рибарски колиби изгледаат уште поубаво кога се прекриени со тепих од бел снег. На тоа додајте го и вечерниот спектакл што го приредува поларната светлина. Не е чудо што туристите го сметаат ова рибарско село за едно од најубавите не само во Европа, туку и во светот.

Кесл Комб, Англија

англија

Ова мало село честопати се наоѓа на листите со најубави села во Велика Британија, а се гледа и зошто. Секоја од куќите има медова боја која станува златна на зајдисонце. Малку работи се промениле откако било изградено во 16 век. Селото е идилично место каде што можат да се истражуваат шумските патеки на Котсволдс, а се смета дека најдобро би било да го посетите во зима за да можете да впиете уште повеќе од неговите вибрации.

Извор: Euronews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот