X
 17.09.2021 Живот

Што е ергофобија? Страв кој може да ја уништи кариерата

Ергофобија претставува ирационален страв од работа и одговорност. Личноста што страда од ова нарушување смета дека не може да успее во професионалниот свет, дека е осудена на неуспех и дека е неспособна за извршување на обврските.

Ергофобијата е дел од нарушувањето социјална анксиозност, а тоа значи дека е поврзана со ирационалниот страв од социјални ситуации, пишува психологот Марија Граниќ за „Крени здраво“.

Најголем проблем е тоа што личностите со ова нарушување често не можат да побараат помош бидејќи немаат доволно финансиски средства за каква било терапија. Стравот од вработување може да влијае врз лицата кои веќе имале работа или оние што никогаш претходно не работеле.


Фото: Pixabay

Меѓу причините за појава на ергофобија се наведуваат шизофренијата, стравот од одбивање, лекови, нарушено спиење или стрес, трауматично искуство, депресија или одредени невролошки нарушувања.

Симптоми на ергофобија

Постојат многу луѓе на кои наутро не им се станува од кревет за да одат на работа, но во случајот со ергофобијата, личноста има сериозен проблем да оди на работа. Дури и самото мислење на работата може да ѝ предизвика паничен напад.

Некои од најчестите симптоми на ергофобијата се страв од работа, одговорност и извршување обврски, страв од нова работа, страв од грешки во работата, страв од ново работно место, одбегнување работа, стрес поради работа, чувство на вртоглавица и мачнина, препотување и неудобност, тага или депресија, честа потреба да се избега од моменталната ситуација, прекумерно внесување алкохол, дрога и лекови, како и претерано размислување за смртта.


Фото: Pixabay

Екстремната ергофобија доведува од одбегнување на работата по неколку дена, што на крајот доведува до целосно престанување со работата или добивање отказ, а тоа само го зголемува стравот од повторно вработување.

Ергофобијата може да има последици врз приватниот живот, како развод, семејни проблеми, финансиски долгови, запоставување на сопственото здравје и хигиена и тешкотии во одржувањето на односите со другите.

Третирање на ергофобијата

Повеќето луѓе со текот на времето ги препознаваат симптомите на ергофобијата и разбираат дека имаат проблем. Не постои специфичен лек за нарушувањето, но разговор со психотерапевт може да помогне. Друго решение е основање сопствен бизнис или барање работа во која не мора да се оди во канцеларија.

Извор: Kreni Zdravo
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот