Веројатно ќе се изненадите кога ќе дознаете кои намирници содржат алкохол. Луѓето што се лекуваат од зависност често се чувствителни на алкохол, па дури и мало количество во некои производи може да им ја врати потребата за алкохол. Затоа, треба да се внимава со следните производи.
Пекарски производи
Некои состојки што се додаваат во пекарските производи содржат алкохол. Екстрактот од ванила е најпознат, а тој се прави со потопување ванила во алкохол. Други екстракти, исто така, се прават со алкохол бидејќи тој помага во издвојувањето на вкусот, а не доминира со својата арома. Сепак, иако екстрактите може да содржат алкохол, мало количество останува во готовиот производ.
Сосови и месо
Многу сосови се прават со алкохол, а иако голем дел испарува, мал дел може да остане во крајниот производ. Освен тоа, многу видови месо се маринираат или динстуваат во алкохол и дел од алкохолот може да остане во месото по готвењето.
Безалкохолно пиво
Безалкохолното пиво, сепак, може да има малку алкохол во себе, а тоа најчесто е една десеттина од алкохолот што го има во обичното пиво.
Освен прехранбени намирници, алкохолот може да се најде и во други средства, како течностите за плакнење на устата. Овие течности содржат 20-27 отсто алкохол.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay