X
 22.04.2020 Живот

Жителите на Виетнам добиваат бесплатен ориз од автомати

Жителите на Хо Ши Мин, Виетнам, имаат пристап до бесплатен ориз преку „оризови автомати“ поставени низ градот. Иновативните машини биле создадени од виетнамскиот бизнисмен Хоанг Туан Ан со цел да им понудат бесплатна храна на жителите што немаат работа.


Фото: Youtube

Многу мали бизниси биле принудени да затворат поради изолацијата наложена од виетнамската влада, која почна на 31 март. Затоа, многу работници привремено немаат плата или останале без работа. „Ројтерс“ пренесува дека одредени семејства преку автоматите добиваат доволно храна за да се прехранат. Машините дозволуваат да се земе најмногу 1,5 килограм ориз од еден човек.

Не се знае колку долго ќе функционира автоматот во Хо Ши Мин, но друг сличен автомат во Ханој ќе функционира до крајот на април или до моментот кога ќе снема ориз. Вакви автомати може да се најдат и во други градови во Виетнам.


Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот