Луис Соријано, наставник по шпански јазик во рурален предел од Колумбија, бил загрижен дека неговите ученици немаат пристап до книги во домовите, па затоа решил да направи нешто во врска со тоа.
Тој ги адаптирал седлата на неговите две магариња, Алфа и Бето, за да може да носат книги наместо вода. Така, Луис направил подвижна библиотека и тргнал да им ги носи неговите книги на децата кои немаат што да читаат. Така се родила иницијативата „Библиобуро“.
- Децата стануваат помудри кога читаат книги. Се сретнуваат нивното изненадување и имагинација, ги гледате како почнуваат да се смеат само со гледање во книгата - изјавил Луис за Би-би-си.
Може да дознаете повеќе за инспиративната приказна на Луис во видеото во продолжение.
Извор:
BBC
Насловна фотографија:
BBC (printscreen)