Онлајн-курсевите се актуелни со години, а оваа година пандемијата направи поголемиот дел од факултетските предмети да се предаваат преку интернет. Веб-страницата „Опен калчр“ успеа да направи листа со бесплатни онлајн-курсеви што се нудат од врвните универзитети низ светот.
На листата се наоѓаат дури 1.500 онлајн-курсеви од универзитети како „Стенфорд“, „Јејл“, Технолошкиот институт во Масачусетс, „Оксфорд“, „Харвард“ и многу други. Поголемиот дел од курсевите се прикачени на „Јутјуб“ или на веб-страниците на универзитетите.
На листата има 200 курсеви од областа на филозофијата, 105 од областа на историјата, 170 од областа на компјутерските науки, 85 од областа на физиката, 55 од областа на книжевноста, како и курсеви за астрономијата, биологијата, бизнисот, хемијата, економијата, инженерството, математиката, политичките науки, психологијата и религијата.
Листата со 1.500 бесплатни онлајн-курсеви може да ја најдете
овде.
Извор:
openculture.com