X
 17.10.2022 Наука

Како се прави египетски папирус?

Древните Египќани го користеле папирусот за пишување уште од 3000 година пред нашата ера.

Овој материјал се произведувал само во Египет, каде што растела истоимената билка. Меѓутоа, материјалот се извезувал во други земји, па го користеле за пишување и древните Грци и Римјани.

Подоцна започнала да се користи хартијата, па речиси исчезнала техниката за производство на папирус. Дивата билка папирус исчезнува како што се менува климата во Египет, но во 70-тите години на минатиот век бил создаден нов процес за производство на папирус. Модерниот процес за производство на папирус е прикажан во видеото подолу.


Извор: Open Culture
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука