X
 07.03.2020 Наука

Првата зелена салата одгледана во вселената е похранлива од онаа на Земјата

Зелената салата што беше засадена во вселената е безбедна за јадење како и онаа на Земјата, велат астронаутите на НАСА. Во некои случаи зелената салата што пораснала во вселената е и похранлива.

Зелената салата што била засадена во вселената има слични состојки како и онаа на Земјата, но некои растенија што пораснале во вселената се побогати со калиум, натриум и цинк.

При еден експеримент повеќе семиња од зелена салата биле засадени во почва под црвено ЛЕД-светло и биле оставени да растат 33 до 56 дена. Џио Маса, која го водела проектот, вели дека растенијата ќе бидат многу важни за исхраната на астронаутите во иднина, но и доколку некогаш сакаме да станеме независни од Земјата.


Фото: Pixabay

Храната што се чува пакувана долг период ги губи квалитетот, вкусот и хранливоста, па не може да се биде сигурен дека астронаутите во иднина ќе ги внесат сите хранливи состојки што им се потребни. Маса додава и дека грижата за растенијата има и психолошки поволности. Зелената салата што растела во вселената имала повисоки нивоа на бактерии, но не опасни бактерии како салмонелата.

По истражувањето биле испратени семиња од кељ и зелка до Меѓународната вселенска станица за да се види дали нивното засадување ќе има слични резултати. Во моментов астронаутите добиваат храна преку ракети кои редовно се испраќаат од Земјата, но проблемите со исхраната се јавуваат кога тие се на подолги мисии.


Фото: Pixabay

Се смета дека способноста за успешно одгледување храна во вселената може да биде клучно за идните долготрајни меѓуѕвездени мисии, како што е првата мисија на НАСА на Марс, која треба да се случи во следната деценија.

Автор: Маигна Нану
Извор: Independent.co.uk 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука