Како новитет оваа година, за надградување на самиот проект, предвидени се и едукативни предавања за членовите на нашата школа, во насока на здрави навики и здрав начин на исхрана, неопходно да едно дете прерасне во добар спортист, но и здрава личност која во иднина ќе може да придонесе за напредок на општеството.
Со стартот на учебната година и од неодамна отворената школа во Населба Лисиче во Општина Аеродром, стартуваше втората сезона од проектот „Ракомет за секое дете“, чиј составен дел е најголемата и најдобро организираната школа за ракомет во Македонија, со школи на територија на Град Скопје и Општина Велес.
Проектот, кој својот старт го имаше во септември минатата година, во својата генеза има создавање услови за секое дете да ги покаже своите афинитети и да го развие својот талент кон ракометот, но и да овозможи дружење и социјализација на момчиња и девојчиња на возраст од 6 -12 години, оваа сезона 2022/23 продолжува да се развива и надградува, како од квантитативен, така и од аспект на квалитет. Оваа сезона, покрај тренинзите кои се предвидени во две возрасни категории на повеќе локации во Скопје и Велес, со специјална програма за различни возрасти на деца, предвидено е да продолжи и Јуниор куп, турнирски систем на натпреварување во мини-ракомет, наменет за членовите на школата. Јуниор купот стартува викендов, со првиот Јуниор куп, кој ќе се одржи во сабота (19.11.2022 г) во малата сала од С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.
-Неодамна, на 21 септември, проектот „Ракомет за секое дете“, во организација на агенцијата КМГ Спорт, го обележа својот прв роденден, а ја отвори втората сезона на функционирање, уште помасовен, надграден и организиран со неколку новитети. Пред сè, сакаме да ги потенцираме можноста за тренинзи на деца на возраст од 5,6 и 7 години, по специјални програми за развој на моторички способности, координација и агилност кои се развиваат на таа возраст, со примеси на ракометната азбука, но и предавањата кои се планирани да се реализираат во периодот кој следува, за едукација на децата и родителите на истите. Свесни сме за важноста на сегментот на здрави навики и здрава и правилна исхрана и во иднина ќе посветиме внимание. Овој проект е во организација на агенцијата со која менаџирам, поддржан од родителите и партнерите на истиот, на кои им сме благодарни – истакна Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот „Ракомет за секое дете“ и менаџер на КМГ Спорт.
Како новитет оваа година, за надградување на самиот проект, предвидени се и едукативни предавања за членовите на нашата школа, во насока на здрави навики и здрав начин на исхрана, неопходно да едно дете прерасне во добар спортист, но и здрава личност која во иднина ќе може да придонесе за напредок на општеството.
Од минатата година школата за ракомет, како дел од проектот „Ракомет за секое дете“, има школи во скопските општини Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Опшина Велес, а од оваа година можност да го практикуваат ракометот и да навлегуваат во тајните на истиот имаат децата кои живеат во и околината на Населба Лисиче. Школата во моментов брои повеќе од 200 членови, со кои работат шест тренери, професори по физичка култура и поранешни ракометари.
Се гледаме во сала!
(Комерцијална објава)