Дваесеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е кремасти макарони со стек.
Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.
Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:
- макарони
- парче стек
- крем за готвење/ неутрална хопла
- зачини: сол, кари
Подготовка: Ставете ги макароните во зовриена вода да се варат. Во меѓувреме исечкајте го парчето стек на мали коцкички, зачинете ги и ставете ги да се пржат. Испржените коцкички стек ставете ги во сварените макарони. Додајте го кремот за готвење и убаво промешајте.
На здравје!
Ако сакате и вие да учествувате,
ТУКА може да ги прочитате правилата.