X
 15.11.2022 Живот

Студентски оброк број 11: Торта од две состојки без печење

Единаесеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е торта без печење. Едноставно и лесно, а превкусно.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.



Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:

- 28 орео колачиња
- 1 чаша млеко
- 1 мала лажичка прашок за печиво
- Прстофат сол
- Чоколадо и малини по желба за декорација

Подготовка: Се одделуваат бисквитите од филот на орео колачињата. Бисквитите се мелат и се ставаат во еден сад каде што им се додава прашокот за печиво. Во друг сад се тура млекото врз филот на колачињата и се мати додека не се соедини смесата. Потоа се претураат течните состојки во сувите, се меша додека не се добие хомогена смеса. Сѐ се претура во мало (околу 20 cm дијаметар) длабоко тенџерче, на кое на подот се става хартија за печење во форма на круг. Се остава тенџерчето, поклопено со капак, на тивок оган 20-30 минути или може да се провери дали е готова тортата со чепкалка за заби (се боцка со чепкалката и доколку излезе чиста тогаш е готова тортата).
Може да се декорира со глазура од растопено чоколадо, малини или друго овошје по желба.

Ако сакате и вие да учествувате, ТУКА може да ги прочитате правилата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот