Деветнаесеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е тортиља ролатчиња.
Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.
Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:
Тортиља ролатчиња
-тортиљи
-кечап (може и малку оригано)
-кашкавал
-шунка
Подготовка: Се рендаат кашкавалот и шунката. Потоа на тортиља се става кечап, околу две големи лажици и се става од изренданите шунка и кашкавал и се замотува како ролат. Потоа се сече на 4 еднакви дела. Се реди на хартија за печење и се става уште малку кашкавал одозгора. Се пече околу 10-15 минути на 180°C додека кашкавалот да се растопи.
Ако сакате и вие да учествувате,
ТУКА може да ги прочитате правилата.