Откажувањето од цигарите е само привремена победа, како што знае речиси секој поранешен пушач кој е во искушение да му се врати на стариот порок. За жал, многумина и по неколку години без чад од тутун попуштаат и повторно палат цигара. Зошто?
Одговорот лежи во идентитетот, откриваат научниците од Универзитетот во Источна Англија. Многу поранешни пушачи го доживуваат откажувањето од цигарите како загуба во нивните животи, па попуштаат и повторно палат цигара затоа што сакаат да го вратат чувството за социјален идентитет.
Пушењето не е само физичка зависност, туку има и емоционални и социјални предизвикувачи. За многумина, пушењето е дел од нивниот идентитет уште од тинејџерските денови.
Кога ќе престанат да пушат, тие всушност закопуваат дел од својот идентитет и се обидуваат да воспостават нов, што може да биде тешко, особено ако пушат подолго време.
Луѓето се враќаат на цигарите бидејќи мислат дека тие им помагаат да се справат со стресните настани бидејќи го комплетираат нивниот идентитет. Иако кога повторно ќе пропушат, чувството на задоволство се меша со чувството на срам и вина, велат научниците.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay