Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” во Скопје ќе работи и утре и задутре, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пунктот двата дена ќе работи, односно сабота и недела, од 8 до 16 часот.
- Граѓаните што сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, можат да го направат тоа без претходно закажување, соопштуваат од МВР.
Извор: МИА