Да се биде услужлив е одлична работа, меѓутоа знае да биде и исцрпувачка - толку многу што, истражувањата пронајдоа дека ако им нудите помош на вашите колеги премногу често, ризикувате да бидете лоши во вашата работа.
Дури и тогаш кога само ги слушате проблемите на другите, се чувствувате како целиот товар да паднал врз вас, особено ако вие сте „токсичниот управувач“, термин кој психолозите го измислиле за да ја опишат личноста на која сите ѝ ги кажуваат проблемите и се жалат.
Кога сте во оваа улога, тешко е да се ослободите од неа. Вистински предизвик е на луѓето кои го сакаат вашето внимание, да им кажете не, после долго време согласување и велење да. Меѓутоа во неодамнешен пост на „Mental Floss“, Шонси Феро истакна неколку совети како да се подобрите во кажување „не“ и во работата и во животот: избирајте ги зборовите внимателно. Одбивање во кое е вклучен зборот „не“ како на пример „Не одговарам меилови во сабота навечер“ е многу помоќен отколку зборот „не можам“.
Советите доаѓаат од истражување од 2012 година објавено во „Journal of Consumer Research“ кој открива дека начинот на кој една реченица е формулирана влијае врз тоа како луѓето ќе се држат до истата. На пример, реченицата „Не јадам Х“ е многу помоќна и повеќе влијае кога човек е во искушение да јаде нездрава храна отколку „не можам“. Истото важи и кога станува збор за вежбањето: „Не го пропуштам вежбањето“ е многу помоќен мотиватор за човек да оди во теретана отколку „
Не смеам да го пропуштам вежбањето“.
Причината за ова е тоа што изјавата „Не го пропуштам вежбањето“ остава простор за подоцна да ја смените. „Без разлика на тоа дали си ја кажувате себеси или на друга личност, „не смеам“ укажува на тоа иако сакате да направите нешто, не сте во можност. Од друга страна, со зборот „не“ постои место за дебата. Затоа кажете си себеси: „Не велам да за работите за кои сакам да кажам не“.