X
 04.08.2015 Наука

Дали телекинезата навистина постои?

Телекинеза е поим со кој се опишува способноста за движење на предмети кроистејќи ги само мислите. Многумина тврделе, тврдат и ќе тврдат дека се способни за телекинеза, но што вели науката?

Пред сè, не постои научен доказ за постоење на оваа способност. Сите луѓе кои тврдат дека се способни за тоа не успеале да го докажат во просторија со неконтролирани услови. Со други зборови, тие секогаш имале потреба од контрола врз просторијата, со што на одреден начин ја манипулираат публиката.

Но, научниците воопшто не се сигурни што треба да докажуваат кога станува збор за ова. Конечно, парапсихологијата, која се занимава со телекинезата, од многумина не се признава како наука.

Продолжете да се обидувате да го придвижите телевизискиот управувач до вас, можеби ќе ви успее, па дури и да не успеете да го докажете тоа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука