Библиотеката „Жуанина“ во Универзитетот на Коимбра, Португалија, има интересни помошници во чувањето на старите книги. Во неа има многу лилјаци од видот пипистрелус кои живеат во релативно мирен соживот со вработените и посетителите.
Како што велат библиотекарите, лилјаците спијат мирно во текот на денот и не пречат во работата, а кога ќе падне мрак, тие излегуваат од скривалиштата зад полиците и на покривот и уживаат во мирот и тишината.
Можеби се прашувате зошто библиотеката не ги избрка лилјаците? Одговорот лежи во нивната корист во заштитата на старите и вредни книги кои се чуваат во библиотеката.
Лилјаците не се заинтересирани за стара хартија, но се хранат со разни инсекти кои им предизвикуваат штета на книгите и на зградата. Самата зграда во која се наоѓа библиотеката била изградена околу 1725 година и се смета за една од најубавите библиотеки во светот.
Не се знае кога лилјаците се вселиле во нејзините простории, но библиотекарите велат дека се таму барем од 1800 година.
Извор:
Studentski
Фото: Pixabay