X
 14.12.2015 Култура

Така зборуваше брилијантниот Чарлс Буковски

Многумина ќе се согласат дека Буковски е еден од најинтелигентните и најдуховити писатели кој ни го доближи животот во сите негови облици преку јазикот. Се потсетуваме на неговите највеличенствени цитати. 

„Само преживувањето додека не умрете е тешка работа.“

„Не верувам дека е можно да се нарави светот подобро место за живот. Верувам дека можеме да престанеме од него да правиме полошо место.“

„Започнете да го спасувате светот со спасување на една личност; сè останато е грандиозен романтизам или политика.“

„Сите жени се различни. Во целина, делуваат дека се комбинација од најдоброто и најлошото, а во исто време магично и страшно. Како и да е, драго ми е што постојат.“

„Додека мажите се зафатени со гледање фудбал или пиење пиво или дружење на куглање, тие жени мислат на нас: се фокусираат на нас, нè студираат и одлучуваат што сакаат да прават: да нè прифатат, да нè заменат за нешто подобро или едноставно да нè убијат.“

„Писателите се очајни луѓе. И кога престануваат да бидат очајни престануваат да бидат писатели. На 25 секој може да биде генијалец. На 50 мора да направиш нешто за да станеш генијалец.“

„Амбицијата ретко им помага на талентираните луѓе. Да се има среќа е нешто сосема друго. Талентот секогаш влече нозе позади тоа.“

„Интелектуалците ги кажуваат едноставните работи на тежок начин. Уметниците ги кажуваат тешките работи на едноставен начин.“

„Некои луѓе никогаш не полудуваат. Мора да живеат навистина страшен живот. Можно е да сакате човечко суштество ако не го познавате добро.“

„Реков, потенцијалот не значи ништо. Мора да го направиш тоа. Речиси секое бебе во креветче има поголем потенцијал од мене.“

„Убавината е ништо, нема да остане. Не ни знаеш колку си среќен што си грд, бидејќи ако те сакаат луѓето, знаеш дека е поради нешто друго.“

„Обично сум добар, ама кога сум добар, ѓаволски сум добар.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура