Иако се чини дека најголемо внимание меѓу менталните психолошки проблеми се љубовта и страста, нашата „втора природа“, сепак најмногу ја сочинува друг вид на односи - со членовите на семејството и пријателите.
Психотерапевтите откриваат дека овие односи сè уште остануваат клучни основни вештини на емоционалната и социјалната интелигенција - важноста на партнерот, топлиот и поддржувачки однос кон тинејџерите и адолесцентите и зрело разбирање и самоувереност во пријателските односи. Од тетратките на психотерапевтите, ви донесуваме интересни согледувања.
1. Способноста да се каже извини е вештина што не многу луѓе ја совладале. Потребно е да се вежба оваа вештина. После извинувањето треба да следува реченицата, „еве зошто тоа го направив“ или „а потоа ти го направи тоа“. Извинувањето е преземање одговорност за тоа дека сте повредиле некој, а не линија во тетратка во која се води некаква бизарна битка под наслов: „Кој е во право“.
2. Луѓето понекогаш се однесуваат експлозивно кога нивните чувства се повредени. Гледам тинејџери кои буквално удираат тупаници по мебелот кога на договорената сеанса не се појават нивните родители. Гледам и родители кои хистерично плачат дека не успеале во животот кога ќе слушнат дека нивното дете е пироман. Еднаш ми се случи една пациентка да ми каже дека мојата фризура е одвратна во моментот кога се отвори прашањето за нејзината употреба на наркотици. Сите сме луѓе и не сакаме да нè усрамат или повредат и тоа секогаш треба да го имаме на ум.
3. Детството не трае вечно, само понекогаш делува дека ќе трае вечно. Немојте да го брзате детето да порасне, бидејќи времето на љубовни јадови ќе дојде брзо и тогаш тој период ќе изгледа како вечност.
4. Единствена постојана работа е промената. Промената не можете да ја спречите, единствено можете да одлучите како ќе реагирате на неа.
5. Ако во некое пријателство се чувствувате понижени, прекинете го. Нека не ви пречи тоа што пријателството траело со години или што немате многу пријатели. Ништо не ја уништува самодовербата на човекот како луѓето што ве понижуваат. Подобро е чувството дека сте осамени.
6. Не треба да преземете одговорност за изборот за кој се одлучуваат другите луѓе и не дозволувајте другите луѓе да ве тераат на тоа. Сите ние сме капетани на сопствениот брод и доволно е што се грижиме нашиот брод да остане над вода. Оној момент кога ќе преземете должност да се грижите за нечија кариера, благосостојба, добро расположение, тогаш влегувате во нездрав сојуз. Сè што можете да го контролирате е вашето однесување.
7. Во одреден момент, родителите престануваат да бидат лидери и ментори на кои им се верува и стануваат советници и возрасни кои децата ги сакаат но понекогаш ги нервираат. Еден случај во текот на една брачна терапија открива дека сопругот и понатаму бара дозвола од родителите да купи нов кауч, како и за одлуката за планирање на потомството.
8. Не престанувајте да работите на самодовербата. Секогаш кога ќе доживеете интензивна емоција, бидете сигурни дека ќе ја преиспитате пред да одлучите да направите нешто во врска со тоа.
9. Вашите крвни роднини секогаш ќе бидат ваши крвни роднини, што и да одлучите да имате со нив. Кога ќе остарите, границите кон нив можеби ќе се променат, но запомнете дека не одлучувате вие за тоа како другите луѓе ќе покажат љубов. Ваше е да изберете дали таа љубов ќе ја прифатите или не.
10. Буквално сите околу вас се борат со некакви демони. Да, вие сте апсолутно
уникатни и вашите демони за вас се единствени, но сите ние се чувствуваме беспомошни, лути, празни, жедни за одмазда. Нека ве утеши тоа дека и другите се чувствувале како вас, па преживеале.