Честопати влегуваме во замката на чисто преживување, наоѓајќи изговори зошто не живееме во вистинска смисла на зборот. А животот ни отвора многу прилики за остварување на нашите соништа – затоа и се вели дека имаме онолку прилики колку што ние самите ги посакуваме.
Како што старееме, сè почесто чувствуваме жал за пропуштеното. Во животот треба да се верува во себе, да се ризикува, да се трага по среќата, да се учи од искуството, да се почитуваат сеќавањата и да се спознае дека секој чекор е важен. Но најважно од сè, треба да се одважиме да ги направиме тие чекори.
Дајте си прилика себеси! Овие работи никогаш не ги пропуштајте:
1. Верувајте во сопствената интуиција
Животот е прекраток за да се помине во чекање. Секој ден е нова прилика да се променат нештата. Секое големо достигнување почнува со одлука за започнување. Верувајте во оној внатрешен глас, кој опоменува: „што би било кога би...“, и направете го тоа. Дајте си себе фер шанса. Ќе бидете изненадени колку често она „што би било кога...“, навистина успева.
И не, не сте обврзани секогаш да успеете. Но, обврзани сте да продолжите со обидите, дајте сè од себе секој ден – и секој ден ќе ви биде подобар од претодниот ден.
2. Верувајте во своите способности
Во себе имате сè што ви е потребно да станете подобрата верзија од себе. Верувајте дека можете. Верувајте дека сте способни да одите уште понатаму и да вложите уште повеќе енергија. Верувајте дека сте доволно млади, доволно стари, доволно паметни и доволно силни за да ги постигнете своите цели. Не дозволувајте предрасудите да ве запрат во пронаоѓањето себеси.
3. Гледајте го стравот директно во очите
Често е тешко да се израсне во најдобрата верзија од себе, но трагично е да се дозволи лажните стравови да ве надвладеат. Веднаш прифатете дека стравот не постои никад освен во вашата глава. Бидете храбри. Следете ги вашите соништа и зацртани цели. Не дозволувајте стравот да ви ја украде сегашноста и да одлучува за вашата иднина. Храброста не значи отсуство на страв, туку е спознавање дека постои нешто многу поважно од него.
4. Направете чекор нанапред уште денес
Еден ден вашиот живот ќе заврши. Колку и драматично да звучи ова, тоа е вистина. Прашањето е: „Дале сте одлучиле да живеете токму сега?“ Фатете го тој момент и размислете за тоа. Животот не започнува кога ќе се поклопат сите ваши замислени предуслови.
Ова е вашето време. Животот тече токму сега. Направете нешто во врска со тоа. Не го трошете животот во чекање.
5. Поставете ги вашите цели како приоритет
Ако сакате да живеете среќен, исполнет живот, не се врзувајте само за луѓе и предмети. Никогаш не се откажувајте од нешто што вам ви е важно. Не затоа што има утрешен ден кога повторно би можеле да се обидете, туку затоа што тоа утре можеби и нема да дојде.
Секој ден нека ви биде најважниот ден, не дозволувајте да ви помине залудно. Направете само еден мал чекор секој ден, доволно е и тоа .
6. Работете трудољубиво и кога ви е тешко
Личниот развој во сите аспекти од животот е бавен и постојан процес. Не брзајте. Потребно е на тоа да се работи секојдневно. Има доволно време да станете она што посакувате да бидете во животот. Немојте да се помирувате со нешто помалку од она што сметате дека можете да го постигнете. И покрај тешкотиите кои ќе ви се испречат на патот, никогаш не се откажувајте од себеси. Похрабри сте отколку што сметате дека сте, посилни отколку што ви се чини, попаметни отколку што мислите и двојно поспособни отколку што било кога сте замислиле. Само продолжете нанапред.
7. Одржувајте ги своите стандарди
Застрашувачки е да сметаш дека нешто што е второкласно може да „помине“ како првокласно. Да се преправате дека љубовта и почитувањето не ви се неопходни, иако знаете дека многу ви значат. Да се лажете самите дека сè е во ред, кога тоа не е така. Да се убедувате дека ви се допаѓа вашата работа кога многу добро знаете дека сте способни за многу подобра. Заклучок – сакајте се доволно самите себе за никогаш да не ги спуштате своите стандарди заради погрешни причини.
8. Бидете истрајни кога ќе ве одбијат или ќе доживеете неуспех
Кога нешто нема да ви успее добро, тоа често значи дека сте пренасочени кон нешто подобро. Бидете трпеливи. Бидете позитивни. И запомнете, без оглед колку грешки ќе направите, или колку бавно ќе напредувате, вие сè уште сте далеку понапред од оние кои никогаш ниту се обиделе.
9. Прифатете ја сопственоста над вашата ситуација
Дури и кога работите одат лошо, бидете сопственик на таа ситуација! На пример, ако сте во врска која ви предизвикува болка, вие свесно одбирете да бидете во неа. Можеби токму таквата врска ќе придонесе за ваш поголем развој или подлабоко разбирање на љубовта. Или , можеби нема. Но, вие ќе бидете тој што самиот избрал да биде во таква врска, токму во моментот.
Без оглед што ќе одберете, бидете сопственик на својот избор – тоа е местото од каде што ја црпите својата сила.
10. Сеедно, насмевнете се
Немојте да дозволувате еден лош момент да ви го уништи денот. Мислете на тоа како за лоша минута, а не како за лош ден, и сè ќе биде во ред. Стресот почнува кога вашиот список на грижи е поголем од списокот на благодарност. Среќата започнува кога вашиот список на благодарност е подолг од списокот на грижи. Ценете го она што го имате. Бидете благодарни на ситните работи кои многу значат во животот.
11. Бидете искрено љубезни кон сите
Љубезноста при зборувањето создава самодоверба и мотивира. Љубезноста при размислувањето создава позитивност и можности. Љубезноста при давањето создава сила и љубов. Преку љубезноста имате можност да направите големи промени во секој живот кој ќе го допрете, вклучително и во вашиот.
12. Помагајте му на другите да го подобрат нивниот живот
Вашето влијание секогаш е помоќно од вас. Ништо не трае толку долго како сеќавањата. На крајот, само нематеријалните работи, верувања и чувства се тие кои траат. Каменот пука. Дрвото гние. Кожата умира. Но, големите мисли, вашите искуства и инспиративни приказни...траат вечно.
13. Живејте чесно и со интегритет
Интегритет значи да се избере сопствено делување втемелено на морални вредности, а не заради лична корист. Тоа значи да се живее чесно. Потребно е да се прават вистинските работи, без оглед на сè, дури и кога никој нема да знае дали нешто сте направиле или не. На крајот од денот, вашиот углед е она што другите луѓе го знаат за вас. Вашата чест е она што вие го знаете за себе.
14. Бидете чудни на свој начин
Сите ние сме чудни. Животот е чуден. Кога ќе наидеме на таква чудна единственост на светот која нè тера напорно да работиме, тоа го нарекуваме страст. Кога ќе пронајдеме некого чија необична чудност е компатибилна со нашата, тоа го нарекуваме љубов. Да се биде чуден и не е толку необично. Таква е човечката природа.
15. Бидете отворени за љубов
Ваша најголема задача не е да се пронајде љубовта, туку да се откријат и да се тргнат сите препреки и бариери што сте ги изградиле во себе против неа. Дури и кога се плашите, имајте доверба – држете ги својот ум и своето срце отворени. Мирот не значи отсуство на проблеми, туку присуство на љубов.
16. Затворете ја вратата за старите приказни
Кога цврсто се држите до она што веќе не постои, истото го попречува вашиот растеж. Многу луѓе го поминуваат својот живот прераскажувајќи го своето минато, дозволувајќи му да влијае врз нивната сегашност. Немојте да го трошите своето време обидувајќи се да живеете во некој друг простор и време. Затоа, затворете ги старите врати уште денес. Не заради вашата гордост, неспособност или егоизам, туку едноставно затоа што сте поминале низ тие врати во минатото и веќе сте осознале дека нема да ве одведат кон нови можности.
17. Живејте вистински ЖИВОТ
Смејте се често и бидете полни со љубов. Почитувајте се себе и другите и немојте да судите. Освојте ја љубовта и искрените насмевки на децата. Заслужете ја почитта од вашите колеги и издржете го предавството од лажните пријатели. Ценете ја убавината која ве опкружува секогаш и насекаде.
Пронајдете го доброто во секој човек и ситуација. Дадете сè што можете за да го направите светот малку подобар од оној што го затекнавте. Истражувајте ги идеите и страстите, и запејте со цело срце. Тоа е вистински ЖИВОТ.