X
 17.12.2019 Живот

Еден малку поинаков список со желби за Нова година

Повеќе вода. Х
Повеќе сон. Х
Помалку докажување на токсични луѓе дека не се во право. Х
Три броја помалку очекувања. Х
Очекувањата треба да бидат големи бидејќи тогаш шансите да успееш се зголемуваат за малку. Уплати ливче и гледај лото бидејќи ако не го направиш тоа, шансите да добиеш се нула.
Оди на испит иако знаеш десеттина од материјалот. Оди на бал и не гледај го часовникот, ќе се вратиш дома, атмосферата нема да биде иста како возење со кочија, но барем тиквата ќе се тркала.
Запознај нови луѓе, големи се шансите дека нема да ти се допаднат и дека ќе зјапаш во телефонот кога нареден пат ќе ги видиш, евентуално млитаво ќе се насмееш и ќе ги прашаш за здравјето. Но, можеби ќе наидеш на личност со која ќе се смееш во наредните неколку животи.
И не, немој да веруваш слепо во тоа дека исходот од секој твој потег на самиот крај ќе биде добар, бидејќи ќе има глупости.
Големи глупости. И тоа оние од кои никогаш нема да излезеш попаметен и кои нема да бидат ништо повеќе од кошмар што нема да те остави да спиеш или кој ќе те разбуди сред ноќ во три.
И понатаму мрази ги популарните психолози и мотивациони говорници кои заработуваат на твојата професија,
подобро тие пари потроши ги на некој пијалак
бидејќи ќе му го направиш денот на некој келнер со бакшишот.
Избриши ја салата за вежбање и позитивните мисли од тој список
додај
дека сакаш да положиш за возачка
и да научиш руски
да го видиш океанот
и да бидеш храбра, па да одиш во таа Австралија со шестката по англиски
или повторно храбра да се ослободиш од емотивниот багаж кој не ти дава да мрднеш
од задушливата удобна зона
и конечно храбра да му кажеш на општеството дека не е во ред што го идеализира
молчењето на отровните луѓе
и што измисли дека попаметниот попушта
бидејќи оној глупавиот испадна попаметен
и почна да владее, па ги наметна своите правила.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот