Зошто повеќе луѓе умираат на први јануари во споредба со кој било друг ден?

Зошто повеќе луѓе умираат на први јануари во споредба со кој било друг ден?

Подготвил: Б.Б.

Студијата што ја спроведе Универзитетот во Калифорнија покажа дека најмногу луѓе во САД умираат во текот на двете недели околу Божиќ и Нова година.

Конечните резултати од истражувањето покажаа дека најголем број луѓе умираат од природна смрт на први јануари, и тоа за пет проценти повеќе отколку во другите денови.

Научниците стигнале до овој податок проучувајќи ги посмртниците на Американците издадени во последните 25 години, се наведува во „Дејли Мејл“.

Веќе е познат фактот дека за време на празниците расте бројот на самоубиства и други видови несреќи, но досега експертите никогаш не истражувале колку луѓе умираат од природна смрт.

Сепак, сè уште не се знае што е причината на оваа појава.

„Тешко е да се разбере зошто ова се случува. Меѓутоа, не е само тоа единствената мистерија – чудно е и тоа дека никој досега не се занимавал со ова прашање“, изјавил Дејвид Филипс, еден од авторите на студијата за Вашингтон Пост.