X
 22.12.2022 Живот

Како се славела Новата година во поранешна Југославија?

Во првите години на комунизмот, во согласност со политиката на потиснување на српскиот национализам, секое одбележување на 13 јануари било казниво.

Во Архивот на Југославија постојат документи со кои строго се наредува новогодишните подароци да се повлечат од продажба во време на верските празници.

Во подоцнежните години властите попуштиле, па на православна Нова година се пеело „Ко то каже, ко то лаже“.

Новогодишните телевизиски програми започнувале со вести со водител пред накитена елка, а потоа се приклучувале водители од другите републички студија.



По нив следувала хумористична програма. Сараевското студио ги имало Момо и Узеир, загрепското Нела Ержишник, а со децении во Белград биле омилени Мија и Чкаља. На полноќ се пеела „Од Вардара до Триглава“.

Во 70-тите години Чкаља изведувал скеч со телефонирање: ги канел политичарите и на хумористичен начин им кажувал што мисли народот. Текстовите му ги пишувал Новак Новак, автор на „Театар дм“.

Најпопуларните ѕвезди секогаш биле вклучени во музичкиот дел од програмата, се правеле специјални серии и најгледани емисии, но и специјални хумористични скечеви.

Задолжителен дел од програмата биле и извештаите за тоа како другарот Тито ја дочекал Новата година.

Телевизијата Загреб била поврзана со други телевизиски центри во Југославија, а тие едни од други го преземале најдобриот дел од новогодишната програма. На денот на Новата година, граѓаните имале можност да гледаат програми од Белград, Нови Сад, Сараево.

2

Нова година, празник на сите народи и националности

Активистките на АФЖ (Антифашистичкиот фронт на жените) биле најгласни во барањето во новата Југославија Новата година да биде празник на сите народи и народности и да го заземе местото на Божиќ.

Новата година официјално станала национален празник во 1955 година, а Дедо Мраз бил прифатен како „политички коректен“ неколку години подоцна.

Во 60-тите години, додека Дедо Мраз ги посетувал социјалистичките претпријатија, на пионерите им раскажувал дека патувал низ целиот свет и дека за децата никаде не било толку убаво како во СФРЈ.

Извор: Srpskakafe.com
Фото: Srpskakafe
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот