X
 17.12.2021 Живот

„Гугл“ донесе одлука - кој нема да се вакцинира, ќе добие отказ

Во интерен допис до кој дојде Си-ен-би-си, големата технолошка компанија „Гугл“ ги предупредува вработените дека ќе ја изгубат платата и на крајот ќе бидат отпуштени доколку не ги следат правилата за вакцинација против ковид-19.

Во дописот објавен од раководството се вели дека вработените имаат рок до 3 декември да го пријават својот вакцинален статус и да достават документација што покажува доказ или медицинско или верско ослободување.

По тој датум „Гугл“ ќе почне да ги контактира вработените што не доставиле свој статус или биле невакцинирани и оние чии барања за изземање не биле одобрени.

Вработените што нема да ги почитуваат правилата за вакцинација до 18 јануари ќе бидат ставени на платено административно отсуство во времетраење од 30 дена, по што ќе следува неплатено лично отсуство до шест месеци или престанок на работниот однос.

Како и поголемиот дел од САД, и Силициумската долина се справува со повторни појави на ковид-10 и новата варијанта омикрон, која ги принудува компаниите да ги преиспитаат плановите за да го натераат персоналот да се врати во канцелариите.

- Како што претходно рековме, нашите услови за вакцинација се еден од најважните начини на кои можеме да ја зачуваме нашата работна сила, но и нашите услуги. Посветени сме да направиме сѐ што е можно за да им помогнеме на нашите вработени кои можат да се вакцинираат да го направат тоа и цврсто стоиме зад политиката за вакцинација - наведуваат од компанијата.

На почетокот од овој месец „Гугл“ го одложи својот план за враќање во канцеларија на неодредено време поради омикрон и поради отпорот на вработените да се вакцинираат. Претходно се очекуваше персоналот да оди во канцеларија три дена неделно, почнувајќи од 10 јануари.

Извор: Aljazeera.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот