X
 08.02.2018 Култура

„Фејсбук“ и „Гугл“ значително го променија начинот на вработување


Гугл под лупа
(Фото: Pixabay)


Во текот на минатите 15 години процесот на наоѓање квалификувани кандидати за работни места беше едноставен модел на класифициран оглас – за малку пари ќе го објавите огласот онлајн на работната берза – и ќе ги чекате кандидатите што ќе се пријават.

Сега е поинаку. „Гугл“ и „Фејсбук“ ја попречуваат оваа масовна индустрија со помош на алатки креирани според дигиталните навики на луѓето што бараат работа. Вашиот успех при ангажирањето на вистинските луѓе е во директна врска со способноста да се приспособите на промените што ги испорачуваат овие технолошки гиганти.

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе го претворат онлајн-регрутирањето во маркетиншки-центричен бизнис – еве зошто:

Барањето ново работно место е голема работа


Барањето нова работа е една од најстресните ситуации, а тоа го знаат и „Гугл“ и „Фејсбук“. Кога ќе го погледнете начинот на кој овие компании управуваат со потрошувачките реклами, ќе забележите дека тие ги казнуваат продавачите што нудат лошо корисничко искуство – тоа може да се нарече данок за лошо корисничко искуство.

Како и при потрошувачкиот маркетинг, „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе им дадат приоритет на резултатите од пребарувањето кое содржи релевантни видео и текстуални содржини. Тие имаат намера да му обезбедат одлично искуство при пребарувањето на потрошувачот, што треба да ги поттикне компаниите на подобро презентирање на својот бренд и оптимизирање на огласите за вработување.

Кандидатите ја проценуваат културата на вашата компанија

Со зголемувањето на бројот на страници за презентирање на работодавци од трети компании, стана јасно дека оние што бараат работа ја истражуваат и културата на компанијата пред да аплицираат за отворената работна позиција. „Гугл“ и „Фејсбук“, следејќи го овој тренд, дефинираа можност да ги кријат овие резултати така што ќе обезбедат дефинирање на најдобрите постигнувања од пребарувањето. Компаниите што градат посветена кариера и вложуваат во својата содржина можат да стекнат огромна предност пред компаниите што плаќаат за „лајкови“ како потврда за нивната релевантност.

Направија бизнис од барањето работа

Која е вистинската причина што „Гугл“ и „Фејсбук“ ги покренаа платформите за барање работа? Затоа што пазарот за вработување „тежи“ 200 милијарди долари, што е предизвик за нив.

Во иднина, сите што бараат работа ќе имаат можност да го реализираат тоа преку овие платформи. Односно, ќе имаат можност преку социјалните мрежи или преку пребарувачите на „Гугл“ да покренат потрага при барање работа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура