Веб-страницата „Вижуал капиталист“ објави листа со земји со најголем државен долг. Државниот долг е клучен показател за одржливоста на финансиите на државата. Доколку тој е превисок, тоа може да сигнализира предизвици во исполнувањето на финансиските обврски, што може да доведе до економска нестабилност.
Според графиконот на „Вижуал капиталист“, на кој се рангирани 20 напредни економии, дури 11 држави имаат сооднос долг кон БДП од над 100 отсто.
На врвот е Јапонија, чиј национален долг останува над 100 отсто од нејзиниот БДП веќе две децении, достигнувајќи 255 отсто во 2023 година.
Следна на листата е Грција, а по неа се Сингапур, Италија и САД. Државниот долг на САД е еднаков на 123 отсто од БДП на земјата.
Високиот сооднос на бруто-долгот во однос на БДП од повеќе од 100 отсто не е секогаш причина за загриженост. Нето-коефициентите што ги земаат предвид меѓудржавните инвестиции може да укажат на подобра изложеност на долг на краток рок, како и споредба на обврските и средствата.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay