Германската економија ќе влезе во рецесија во третиот квартал поради „драстичниот“ пад на индустриското производство, кој се должи на тензиите на меѓународните пазари, предупреди Бундесбанк.
- Економијата може повторно лесно да се намали ова лето - се наведува во месечниот извештај на централната банка на Германија. Документот покажува дека е забележан пад од 0,1 процент на бруто-домашниот производ во вториот квартал од оваа година.
Финансиската институција посочува дека според актуелните податоци, се очекува индустриското производство да се намали и во тековниот квартал.
Извор: МИА