X
 01.01.2018 Живот

Првата ноќ од 2018 година ни приредува спектакл - доаѓа супермесечина!

месечина
Фото: Pixsell

Супермесечина е феномен кога Месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна отколку вообичаено. Станува збор за комбинација од полната Месечина и близината на Месечината со Земјата.

НАСА објави дека првата супермесечина во 2018 година ќе можеме да ја видиме уште денес, а втората „супермесечина“ неколку недели подоцна - на 31 јануари. Ова е доста голем настан за сите љубители на астрономијата. Супермесечината што ќе се појави на 31 јануари се нарекува и „сина Месечина“, а вакво нешт ово просек се случува на секои две и пол години.

За овој феномен да биде уште поинтересен, ќе биде проследен и со целосно замрачување на Месечината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот