Фото: NOAA
Навистина е тешко да се предвиди времето. Освен фактот дека дури и најдобрите предвидувања, малите температурни флуктуации можат да имат огромно влијание врз она што се случува, сегашната технологија ни овозможува точно да ја предвидиме идната бура, само неколку дена пред таа да се случи. Меѓутоа, оваа технологија се подобрува.
Во декември 2017 година, најнапредниот временски сателит „GOES-16“, стана целосно оперативен. А кога снежната бура Грејсон удри оваа недела, „GOES-16“ покажа што навистина може да направи.
Во текот на зимата во северната хемисфера, Сонцето целосно престанува да свети над 66 степени северно од екваторот, областа позната како Арткички круг. Без топлината на Сонцето, воздухот во тој регион станува студен. Обично, целиот тој студен воздух останува таму благодарение на источните струи во воздухот во горните слоеви на атмосфеарата. Но поради некоја причина, овие воздушни струи може да го променат правецот и да го однесат студот на југ.
Проблемот е тоа што кога студените температури ќе се сретнат со топлите температури, високите притисоци се соочуваат со ниските притисоци. Студениот воздух под висок притисок се движи кон топлиот воздух под низок притисок, со што резултира со силни, замрзнувачки ветрови.
Иако снежната бура Грејсон е лоша вест за брегот на Нова Англија, истовремено е возбудлива вест за „GOES-16“. Откако НАСА го лансираше во геостационарната орбита во ноември 2016 година, сателитот „GOES-16“, стана целосно оперативен во средината на декември 2017 година. Зошто е одличен? Затоа што ја скенира планетата пет пати побрзо од претходните сателити, со три пати повеќе спектрални канали, во четири пати поголема резолуција, овозможувајќи живописни снимки како овие.
„Бенд 10“ е посветен на откривање на водената пареа и средината и долните делови на атмосферата, заедно со високите облаци. Лесно е да се види колку повеќе информации дава во текот на целосната снимка.
„Бенд 16“ пак ја чита температурата на воздухот во тропосферата, најнискиот слој на атмосферата. Обоените области се места каде што воздухот паѓа под -30 степени Целзиусови.
Брзото скенирање ги забрзува временските прогнози. Може да скенира еден временски настан за околу 30 секунди, цела Америка во пет минути и светот за 15 минути.
Можеби
падна снег за Нова Англија, но изгреа сонце за науката.