X
 01.08.2018 Живот

10-годишно момче со суперхеројско име го руши рекордот на Мајкл Фелпс

Не е честа ситуацијата во која Мајкл Фелпс е „симнат“ од табелата на рекорди. Но 10-годишниот пливачки феномен со суперхеројско име го направи токму тоа.

Неговото име е Кларк Кент Апуада. И нормално, сите го нарекуваат „Супермен“. Во текот на викендот, Кларк се натпреваруваше во Фар Вест меѓународниот шампионат во Калифорнија и успеа да победи на 100 метри пеперутка во 1:09:38, што е подобар од рекордот на Фелпс што го постигнал во 1995 година.

Уште повеќе воодушевува тоа што Кларк се натпреварува само во изминативе четири години.

кларк

-Ова момче не е како другите млади деца што сум ги тренирал - вели тренерот на Кларк, Диа Риана.

Супермоќните вештини на Кларк не запираат тука.

-Тој посетува часови по пијано, тренира боречки вештини, а на училиште секогаш се придружува на часовите по кодирање - вели неговиот татко Крис Апуада.

Кларк вели дека ова за него не е преголем товар.

-Се справувам со сите работи добро, едноставно треба да балансирам. Сакам да пливам бидејќи имам многу луѓе кои ме поддржуваат и моите тренери секогаш се тука за мене, а исто и моите родители - вели Кларк.

-Сонувајте големо. Секогаш фокусирајте се на вашите соништа и забавувајте се - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот